Политиката за заштита на лични податоци

Политиката за заштита на лични податоци, ги содржи практиките за приватност на веб страната “generator.mk“ и е насочена кон заштита на приватноста на онлајн корисниците. Со Политиката за заштита на личните податоци, се уредува правото на заштита на приватноста и сигурноста на личните податоци кои се цел на обработка. Во подолу наведениот текст, е објаснета постапката за прибирање, користење и заштита на личните податоци од Корисниците.

СО ВНИМАТЕЛНО ЧИТАЊЕ НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ, ОДНОСНО СО ПРИСТАПУВАЊЕТО ИЛИ КОРИСТЕЊЕ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА, КОРИСНИКОТ ПРИЗНАВА ДЕКА ГИ ПРОЧИТАЛ, РАЗБРАЛ И Е СОГЛАСЕН СО СИТЕ УСЛОВИ ДЕФИНИРАНИ ВО ОВАА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ И УСЛОВИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВЕБ СТРАНАТА. ДОКОЛКУ КОРИСНИКОТ НЕ СЕ СОГЛАСУВА СО ОВИЕ УСЛОВИ, ТРЕБА ВЕДНАШ ДА ЈА НАПУШТИ И ДА СЕ ВОЗДРЖИ ОД КОРИСТЕЊЕ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА

  1. Измени во Политиката за заштита на лични податоци Објавите во Политиката за заштита на лични податоци, можат да бидат изменети и секоја измена ќе биде евидентирана. Притоа, Корисниците би требало да ја прегледуваат Политиката за заштита на лични податоци, секогаш кога ќе ја посетуваат Веб страницата, со цел да ги дознаат најновите промени кои се однесуваат на користење на нивните лични податоци. Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со важечката регулатива за заштита на лични податоци.
  2. Прибирање на податоци и употреба на тие податоци generator.mk собира два вида на информации на веб-страницата од корисниците и тоа: лични и нелични податоци. Лични информации. Лични информации се информации кои идентификуваат одреден краен корисник. Кога Корисниците ќе се вклучат во некои активности на веб-страница, како на пример креирање на профил, порачување производ или услуга од нашите партнери, додавање на содржина и/или објавување на содржина во форуми за дискусија, пријавување на натпревар или игра спонзорирана од нас или нашите партнери, пополнување на анкета, објавување на мислење, испраќање на нас или нашите партнери повратни информации, барање информации за нашите услуги, поднесување на договор за соработка, објавување на видео или регистрирање за специјални понуди од трети лица преку вебсајтот (колективно,”Активности за Идентификација”), може да побараме да обезбедите некои информации за истите. За Корисниците не е задолжително за да се вклучат во некоја активност за идентификација. Ако одберат да се вклучат во некоја активност за идентификација, може да се побара од нив да обезбедат одредени лични податоци, како на пример: име и презиме, поштенска адреса (вклучувајќи и поштенски код), е-мејл адреса, телефонски број и датум на раѓање. Во зависност од активноста, некои од информациите се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните информации за одредена активност која го бара тоа, на Корисниците нема да им биде дозволено да се вклучат во таа активност. Кажи на пријател Доколку Корисниците одлучат да ја користат услугата на generator.mk за препорака, ќе им биде побарано името на нивниот пријател и неговата е-маил адреса. Автоматски ќе му биде испратен еднократен е-маил до нивниот пријател, со известување за порачката која е на негово име или ќе му биде испратена покана да ја посети Веб страницата. generator.mk ги зачувува овие информации со една единствена цел – да се испрати овој еднократен е-маил и заради следење на успешноста на неговата програма за препораки. Пријателот на Клиентите може да го контактира generator.mk со испраќање на е-маил на generator@generator.mk и да побара овие информации да бидат отстранети од неговата дата-база. generator.mk ги користи личните информации, за да им обезбеди на Клиентите услуги, заради администрирање на игри и натпревари, за да го подобри работењето на веб-страницата, за да ги подобри маркетиншките и промотивни кампањи, за да ја анализира корисноста на веб-страницата, за да ги подобри своите услуги и да го прилагоди искуството на Клиентите со трети лица, а како што е предвидено во точка 3 на оваа Политика за заштита на лични податоци. На пример: ако Клиентите пратат до службата за корисници на generator.mk е-маил, нивните податоци, како и нивните коментари и повратни информации, може да бидат употребени за промоција пред други лица за услугите на generator.mk или пак за поставување на нивниот коментар во маркетиншки материјали или на веб-страницата. Коментарите од Клиентите кои ќе содржат лични информации, како што е на пример нивното име, ќе подлежат на давање на претходна согласност од нивна страна, пред да биде објавено нивното име заедно со коментарот во јавноста. Покрај тоа, доколку Корисниците ја користат веб-страницата за да испратат информација на друго лице, нивните лични податоци исто така може да бидат зачувани. generator.mk исто така може да ги користи личните информации заради разрешување на проблеми, решавање на спорови, остварување на административни задачи, контакт со Клиентите, извршување на договорите со нив, вклучувајќи ги и Условите на користење и оваа Политика за заштита на лични податоци на веб страницата, а се во согласност со важечкиот закон. Не-лични информации.Не-лични информации се информации кои не го идентификуваат крајниот корисник. Овој вид на информации може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор (“URL”) на веб страницата која Корисниците ја посетиле, пред да дојдат на веб-страница на “generator.mk“, URL на вебстраницата која сте ја посетиле, по напуштањето на веб-страница “generator.mk“, типот на пребарувачот што Клиентот го користиел и неговиот Интернет протокол (“IP”) адреса. Ние, и / или овластените трети лица од generator.mk, даватели на услуги и лица кои се рекламираат, може автоматски да бидат собрани кога ќе биде посететна веб-страницата “generator.mk“ и тоа преку употреба на електронски алатки како “Cookies” и Web beacons или Пиксел тагови, како што е опишано во точките 4 и 8 на оваа Политика за заштита на лични податоци.
  3. Користење на лични податоци generator.mk нема да ги дели, продава или изнајмува, личните податоци на Клиентите на други лица, освен во некои од подолу наведените случаи: generator.mk може да ги споделува информациите на Клиентите со овластени трети лица – Даватели на услуги. Овие “трети лица – Даватели на услуги” извршуваат функции во наше име, како испраќање и дистрибуција на нашите административни и промотивни пораки. Ние можеме да ги споделуваме Вашите лични информации со такви провајдери за исполнување на нарачки, доставување пакети, испраќање поштенски или електронски маил, администрирање на натпревари или игри, отстранување на повторувачки информации за клиентот, анализирање на податоци, давање маркетиншка помош, обезбедување резултати од пребарувања и линкови, работење на вебсајтот, решавање на проблеми или обезбедување на служба за корисници. Ние, исто така, може да собираме лични информации од поединци и претпријатија (“подружници”) со кого имаме бизнис односи и може да ги споделуваме Вашите информации со Даватели на услуги со цел да се остварат нашите административни задачи. Употребата на Вашите лични информации од страна на тие лица е уредена од страна на тие странки во Политиките за заштита на лични податоци и не е предмет на наша контрола. Ние можеме да ги споделуваме вашите информации при трансфер на бизнисот. Како секој бизнис, ние би можеле да се споиме или да бидеме купени од друга фирма. Ако тоа се случи, наследник компанијата ќе се здобие со информациите што ги чуваме, вклучувајќи ги личните информации. Сепак, личните информации ќе останат предмет на оваа Политика за заштита на лични податоци. generator.mk може да ги сподели информациите на Клиентите со цел за негова заштита и заштита на други лица generator.mk го задржува правото да ги открие личните информации на Клиентите доколку тоа е побарано на законска основа и кога сметаме дека откривањето е неопходно за да ги заштити своите права и/ или во согласност со судска постапка, налог од суд или правна постапка, која се однесува на неговата веб страница.
  4. Користење на не-лични податоци generator.mk може да открие или сподели со партнерите и огласувачите не-лични информации. На пример, може да споделим агрегирани демографски податоци (во кои не спаѓаат лични информации), со “Огласувачи” или “Рекламни компании”.
  5. Ажурирање и поправање на податоци generator.mk смета дека треба да има пристап и можност за промена на личните информации, кои Клиентите ги доставуваат. Клиентите можат да променат било која од своите лични информации, со едноставно логирање на сопствениот профил и пристапување на “мојот профил”, секцијата од страницата, или можете да пратат е-меил порака на: generator@generator.mk generator.mk ги охрабрува Клиентите веднаш да ги ажурираат своите лични информации доколку истите бидат променети. Клиентите може да побараат да бидат отстранети информациите за нивниот профил, но сепак, бидејќи generator.mk чува податоци за изминатите акции на Клиентите, не може да бидат избришани информациите поврзани со изминатите акции на веб-страницата. Покрај тоа, за generator.mk може да биде невозможно, да ги избрише сите информации на Клиентите, бидејќи периодично правиме резервна копија на дата базата.
  6. Избор на Корисниците за зачувување и употреба на информации. Како што е наведено и претходно, Клиентите можат да одберат да не даваат податоци, иако тоа може да се бара од нив за да се вклучат во одредена активност на веб страницата. Доколку Клиентите прифатат да примаат промотивни пораки (со клик на “регистрација за добивање на е-маркетингшки пораки”) generator.mk ќе испраќа административни и промотивни е-пораки. generator.mk ќе испраќа информации во зависност од активноста и бројот на порачките кои Клиентите ги направиле, како и за новите услуги и промотивни понуди. Клиентите имаат избор во однос на приемот на промотивните е-пораки, со тоа што доколку не сакаат да добиваат промотивните е-пораки (пораки кои ги рекламираат услугите на generator.mk, вклучувајќи ги и ексклузивните попусти и другите понуди и/или производи и услуги на огласувачите или партнерите на веб-страницата), тие можат во секое време со испраќање на e-пошта на generator@generator.mk или со притискање на “одјави се” (копчето на дното од било која од нашите е-пораки), да не добиваат промотивни пораки. Доколку Клиентот прати е-порака до generator.mk , тогаш е потребно да се наведе нивното име, адреса, е-меил адреса и кои промотивни пораки не сакаат да ги добиваат.
  7. Безбедност на податоците generator.mk презема бројни мерки на претпазливсот, со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Клиентите можат да пристапат до сопствените лични податоци на веб-страницата преку сопствената лозинка и е-маил адреса. Оваа лозинка е шифрирана generator.mk препорачува Клиентите да не ја споделуваат сопствената лозинка со други лица. Личните податоци на Клиентите се зачувани на заштитен сервер, до кои само generator.mk има пристап. Со оглед да не постои целосно сигурен пренос на податоци преку интернет или кој било која друга безжична електронска мрежа, generator.mk не може да гарантира безбедност на какви било информации пренесени на или од веб-страната и не е одговорен за постапките на било која трета страна која може да ги добие сите такви податоци. 8. Следење на податоци За да се олесни и прилагоди вашето искуство со веб-страница, generator.mk зачувува “cookies“ на вашиот компјутер. “Cookies“ е мал текстуален податок кој е складирани на компјутерот на Клиентите, за целите за чување на податоци кои содржат информации за тој корисник. generator.mk користи “cookies“ додека Клиентите ја користат веб страницата, со цел да им заштеди време и да ги следи интересите на целните корисници, со цел за да се обезбеди специјално-прилагодено искуство. Исто така, “cookies“, овозможуваат да се соберат не-лични информации од Клиентите , како што се страници кои тие ги посетиле и линкови кои ги кликнале. Повеќето пребарувачи автоматски прифаќаат “cookies“, но Клиентите можат да ги променат поддесувањата на сопствениот пребарувач, за да одбијат “cookies“. Во случај на одбивање или бришење на овие “cookies“, некои делови од веб-страницата може да не работат правилно. generator.mk може да користи и други стандардни технологии, како пиксел тагови за да ја пратиме употребата на веб-страниците и промоциите од Клиентите или може да им овозможи на неговите Даватели на услуги, да ги користат овие уреди во негово име. “Pixel“ тагови се мали графички слики, поставени на некои страници од веб-сајтот или во е-пораките на generator.mk, кои му овозможуваат да одреди дали е извршена одредена акција. Кога Клиентите ќе пристапат до овие страници или ја отвораат сопствената е-пошта, пиксел таговите генерираат не-лични информации за таа акција.
  8. Политики за приватност на други веб-страници Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои generator.mk ги собира од Клиентите на www.generator.mk. Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку овaa веб-страница имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб-сајт Клиентите се должни да ги видат политиките за заштита на лични податоци на таа веб-страна. generator.mk не е одговорен за политиките или практиките на трети лица.
  9. Други прашања во врска со заштитата на приватноста На малолетниците на возраст под 18 години, не им е дозволено да го користат веб-сајтот. generator.mk може без знаење да собира лични информации од секој на возраст под 18, но ниеден дел од веб-страница не е дизајниран за да привлече некој на возраст под 18 години. generator.mk не дава услуги на деца. generator.mk може да понуди дел на веб-страницата, каде што Клиентите може јавно да објават информации за себе, потоа да комуницираат со други лица, како дискусија или блогови или да разгледаат производи, ресторани и да поднесат медиумски содржини. Оваа информација може да биде достапна на други корисници и компании и може да се појавува на други интернет страници или веб пребарувања и затоа оваа информација може да се чита, собира и користи од страна на други лица. На пример, ако Клиентите ја објават сопствената е-маил адреса заедно со мислењето за некој ресторан, може да добијат несакани пораки. generator.mk нема контрола над тоа кој го чита постот на Клиентите или тоа што други корисници можат да го сторат со информациите што Клиентите доброволно ги изложиле, па затоа Клиентите се должни да бидат претпазливи при објавувањето на било какви лични информации. generator.mk има согласност од сопствените Клиенти да го објавува нивното име, заедно со нивната критика.
  10. Страницата може да користи аналитика на „Гугл“ за да помогне во анализа на начинот на користење на страницата од корисниците. Оваа алатка користи колачиња. Генерираните информации од колачињата за вашето користење на страницата (вклучително и ИП адресата) се проследуваат до „Гугл“. Овие информации се користат за да се евалуира користењето на страницата од корисниците и за да се направат статистички извештаи за активноста на вебстраната. Ние нема (ниту ќе им дозволиме на третите страни) да ја користиме статистичката аналитичка алатка за следење или за собирање на кои било лични идентификациски податоци на корисниците на нашата страница. „Гугл“ нема да ја придружи вашата ИП адреса со кои било други ваши податоци што се чуваат во „Гугл“. Ниту сопственикот на вебстраната ниту „Гугл“ нема да ја поврзе или да бара да ја поврзе ИП адресата со идентитетот на корисникот.
  11. Ремаркетинг на generator.mk информациите кои ги собира преку користењето на колачиња („cookies”), може да ги користи за ремаркетинг за Google AdWords и Facebook, односно за свое рекламирање на други интернет страници кои ќе ги посети корисникот кој претходно ја посетил интернет страницата на www.generator.mk. Google, Facebook и останати трети страни прикажуваат АdWords односно т.н. “ads” низ различни интернет страници и апликации кои ги корисникот ги посетува и користи. Овие „ads” се базираат и на претходните кориснички посети на интернет страницата www.generator.mk преку со користење на колачиња. На пример кога со посетата на www.generator.mk корисникот се интересирал за одредена услуга или уред без да направи конкретна нарачка, со таквата активност се генерира информација која може да се појави во форма на оглас кај Google и Facebook и на корисникот врз основа на неговиот претходен интерес, при посета на друга интернет страница која исто така користи”ads”  на Google да му биде презентирана реклама на www.generator.mk или за содржината која ја посетил www.generator.mk страницата. Сите собрани податоци ќе се користат во согласност со Законото за политиката за приватност, односно со политиките за приватност на Google и Facebook за податоците собрани кај нив. Корисниците можат сами да ги подесат параметрите за начинот на кои Google и и Facebook  рекламираат до нив со пристапување на нивните страници. За „Google”: https://support.google.com/ads/answer/2662922?hl=en, а за „Facebook”: https://www.facebook.com/ads/website_custom_audiences/.  Корисникот може целосно да се откаже од ваквиот начин на рекламирање засновано на неговиот претходен интерес со подесување на поставките за колачиња во интернет прелистувачот кој го користи корисникот. DoNotTrack (“DNT”) е функционалност која му овозможува на корисникот да го подеси својот веб-прелистувач на начин што ќе ги информира интернет страниците дека неговото движење на интернет не се сака да биде следено. “DNT” функционалноста корисникот може да ја овозможи или оневозможи со посета на делот “Параметри” (Preferences) или „Поставки”(Settings) на веб прелистувачот кој го користи.

Ажурирано, Август 2019.